3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСупер овошје: Петте моќи на боровницата

Супер овошје: Петте моќи на боровницата

Дали боровинките се дел од вашето мени? Ако не, би требало да бидат. Еве зошто…

Витамин Ц

Боровинките содржат витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот. Тие исто така го намалуваат ризикот од развој на различни очни болести и оштетувањето на очниот нерв.

Го редуцираат ризикот за појава на рак

Боровинките ги напаѓаат радикалите кои предизвикуваат рак, па дури и спречуваат формирање на клетките на ракот. Експертите тврдат дека боровинките можат да послужат како терапија во раната фаза на рак на простата.

Го регулираат нивото на шеќер во крвта

Оние кои имаат дијабетес тип 2 имаат потешкотии со регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажаа дека боровинките им помагаат на пациентите во одржувањето на нивото на шеќер во крвта.

Го подобруваат здравјето на мозокот

Според тврдењата на научниците, боровинките ги унапредуваат мозочните функции. Возрасните кои јадат боровинки имаат подобри резултати на тестовите за меморија.

Спречуваат инфекции на уринарниот тракт

Инфекциите на уринарниот тракт ги предизвикуваат бактерии, а боровинките содржат соединенија, кои спречуваат задржување на бактериите на ѕидовите на мочниот меур. Оние кои имаат проблеми со овие инфекции би требало редовно да консумираат боровинки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП