16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДоделени книжевните награди за минатата година

Доделени книжевните награди за минатата година

Друштвото на писатели ги додели книжевните награди за изминатата 2021 година.

Наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување во 2021 година му се доделува на Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда“ во издание на издавачката куќа „Паблишер“ од Скопје. За оваа награда одлучуваше жири-комисија во состав: Љупчо Силјановски (претседател), Лилјана Пандева (член) и Михајло Свидерски (член). Покрај овој роман, со своите квалитети во потесен избор беа издвоени и прозните дела: „Престапни години“ од Оливера Ќорвезироска, „Како го убив Мандрак“ од Трајче Кацаров, „Лебед“ од Ана Стојаноска и „Отпадот од духовните контејнери“ од Јован Дамјановски.

Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга во 2021 година му се доделува на Санде Стојчевски за стихозбирката „Великата лирска песна: песни за Неа“ во издание на издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје. Жири-комисијата работеше во состав: Катица Ќулавкова (претседател), Гордана Михаилова Бошнакоска (член) и Јулијана Величковска (член), а во потесен избор влегоа и стихозбирките „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски и „Гранична состојба“ од Лидија Димковска.

Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга во 2021 година му се доделува на Димитар Пандев за делото „Времето на Конески“ („Панили“, Скопје). Одлуката ја донесе комисијата во состав: Иван Џепароски (претседател), Наташа Аврамовска (член) и Атанас Чупоски (член). Во потесен избор беа вклучени и делата „Слободата на стихот“ од Сузана Спасовска и „Книжевноста низ критичка визура“ од Ана Мартиноска.

Наградата Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади во 2021 година му се доделува на Венко Андоновски за романот за деца „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“ („Паблишер“ од Скопје). Жири-комисијата беше во состав: Мирјана Стојановска (претседател), Мито Спасевски (член) и Ресул Шабани (член). Во потесен избор за наградата беа и романите „Ти носам пустински песок“ од Винка Саздова и „Ѕвездена џунгла“ од Јагода Михајловска-Георгиева, како и книгите поезија „Белиот предел“ од Тоде Илиевски и „Баба Рога вежба јога“ од Ванчо Полазаревски.

На распишаниот конкурс за книжевната награда „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите оваа година не беа доставени книги во конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП