5 јули, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕДали знаете што е заедничко во исхраната на луѓето кои живеат најдолго

Дали знаете што е заедничко во исхраната на луѓето кои живеат најдолго

Сините зони се пет различни заедници „расфрлени“ низ светот на кои заедничко им е тоа што имаат најголема концентрација на жители кои живеат над 100 години. Нивната долговечност лежи во специфичен начин на живот, вклучувајќи ја и исхраната, покажа истражувањето.

Сините зони детално ги истражувал авторот Ден Бетнер, а особено е интересна неговата анализа на различни видови храна во секој регион. Имено, Икарија во Грција, Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика се „означени“ како места каде живеат најдолговечните луѓе. Јасно е дека секој припаѓа на различни култури и клими, па затоа е невозможно целосно да се преклопуваат кога е исхраната во прашање. Што е заедничко за сините зони?

Грав

Конзумирањето на најмалку половина чаша грав секој ден е одлично за целокупното здравје. Вклучете црн, солен и бел грав во вашата секојдневна исхрана. Гравот е евтин извор на растителни протеини и полн со влакна кои помагаат во контрола на телесната тежина, го намалуваат ризикот од разни болести и го подобруваат здравјето на цревата, пренесува Индекс.

Зеленчук

Зеленчукот како брокула, карфиол и зелка содржи природни состојки кои се добри за срцето.

За ручек ореви

Јадете околу 60 грама ореви (околу две раце) секој ден. Освен ореви, можете да јадете и ф’стаци, бадеми и кикирики, како и семки.

Помалку месо

Конзумирањето повеќе растителна храна и мешунки е еден од клучните елементи на здрав и долг живот. Месото можете да го вклучите како прилог и не треба често да го консумирате. Зелениот зеленчук, тофу и сојата нека бидат примарен извор на протеини.

Многу вода

Откриено е дека луѓето кои живеат во сините зони пијат кафе и чај, но најмногу вода. Газираните пијалоци се најголемиот извор на додаден шеќер за повеќето возрасни. Повеќето засладени пијалоци не содржат никакви хранливи материи, па затоа треба да се избегнуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар