2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРед Хот Чили Пеперс објавија нова песна по 6 години(ВИДЕО)

Ред Хот Чили Пеперс објавија нова песна по 6 години(ВИДЕО)

Ред Хот Чили Пеперс го најавија својот дванаесетти студиски албум „Unlimited Love“, кој ќе излезе на 1 април, со одличниот повратен сингл „Black Summer“.

Бендот ја обнови својата соработка со гитаристот Џон Фрушанте и долгогодишниот соработник, продуцентот Рик Рубин. Песната има препознатлив гитарски риф, карактеристичен звук на бендот, кој е проследен со интроспективен текст.

Џон, Ентони, Чад и Флеа по повод новата песна рекоа: Нашата единствена намера беше да се изгубиме во музиката. Потрошивме илјадници часови усовршувајќи се за да го направиме најдобриот албум што можевме. Поминавме денови, недели и месеци слушајќи се, слободно компонирање, свирење и аранжирање. Звуци, ритми, вибрации, зборови и мелодии – сите бевме воодушевени. Копнеме да ја осветлиме планетата, да се подигнат, поврзуваат и зближат луѓето. Секоја од песните на нашиот нов албум „Unlimited Love“ претставува аспект кој го отсликува нашиот однос кон универзумот. Тоа е нашата животна мисија. Ви благодариме што не слушавте, се надеваме дека ќе уживате. Што се однесува до мене, оваа плоча ја отсликува љубовта и вербата што ги имавме еден кон друг за време на снимањето на албумот“,додаде Фрушанте.

Бендот се позиционираше како еден од највлијателните и најпопуларните рокенрол бендови во светот во својата речиси четириесетгодишна кариера.

Заедно со гигантите како Ролинг Стоунс или У2, Ред Хот Чили Пеперс се сметаат за еден од најдолготрајните бендови кои се активни на концерти.

Песните од претстојниот албум се направени за стадиони и арени и бендот со нетрпение го очекува почетокот на големата светска турнеја, која започнува на почетокот на јуни со концерти во Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП