1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Aston Martin“ се префрла на хибридни и електрични возила

„Aston Martin“ се префрла на хибридни и електрични возила

Според „Financial Times“, Лоренс Строл, претседателот на „Aston Martin Lagonda“, е убеден дека 100 отсто од клиентите на „Aston Martin“ сакаат електрично возило.

Сепак, за време на лансирањето на „DBX 707“ призна дека луѓето сè уште го сакаат мирисот и бучавата на SUS моторите, додавајќи дека „сѐ уште ќе има компоненти за електрификација, но ако некој сака мотор со внатрешно согорување во 2028-ма година, тоа ќе се случи“.

Така, компанијата постепено ќе премине во електричната ера нудејќи и електрични и хибридни модели во одреден временски период.

Крајот на ерата на чистите SUS мотори значи дека моторот „Aston Martin V12“ ќе биде укинат до 2026-та година, барем во сегашната форма.

Построгите регулативи за емисиите на „Euro 7“ им отежнуваат на производителите да ги задржат 12-цилиндричните мотори во понудата, иако некој вид на електрификација би можел да ги одржи во живот уште неколку години, како што планира да направи „Lamborghini“.

Од друга страна, „V6“ и „V8“ моторите од „Mercedes-AMG“ ќе влезат во хибридната ера. Гласините велат дека „Aston Martin DBX“ ќе се нуди и во „plug-in“ хибридна форма почнувајќи од 2024-та година, кога се очекува да помине низ фејслифт. Друг хибриден модел за блиска иднина е „Valhalla“, опремен со централно лоциран 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор и два електромотори кои комбинирано произведуваат 698 kW/950 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП