По влезот во трката со уште 5 кандидати, Yon Idy ја промовираше Dreams во емисијата Стисни Плеј во рамки на национланиот избор за песна и претставник на Евровизија 2022. Оваа година македонската јавност со оналјн гласање ќе учествува во изборот на песната што ќе ја преставува нашата земја во Торино.

Yon Idy е комплетен автор на песната Dreams, а за аранжманот помогна и Анѓел Ќосев. Благодарен е за довербата и можноста да биде потенцијален претставник на Македонија. Според него, Евровизија е настан на кој се споделуваат различните култури на најубавиот можен начин, а тоа е музиката. „Сите сонуваме за совршена љубов, а во рефренот на Dreams се зборува за токму таква љубов – совршена, од соништата. Строфите отсликуваат реални моменти, конфликти и недоразбирања од мојот личен живот и нè враќаат во реалноста и нè потсетуваат дека за да биде нешто толку совршено, мора вистински да се потрудиме,“ вели Yon Idy.

