19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДејвид Бекам: Мојата сопруга секој ден јаде истa храна

Дејвид Бекам: Мојата сопруга секој ден јаде истa храна

Викторија Бекам се придржува кон одреден режим на исхрана веќе 25 години, откри Дејвид, кој се пошегува на сметка на својата сопруга.

47-годишната модна дизајнерка, која е во брак со поранешниот фудбалер Дејвид Бекам од 1999 година и со него ги има Бруклин (22), Ромео (19), Круз (16) и Харпер (10), многу ретко отстапува од диетата со риба и зеленчук.

„За жал, оженет сум со некој што секој ден јаде исто во последните 25 години. Откако ја запознав, јаде само риба на скара и зеленчук на пареа, многу ретко отстапува од тоа“, вели фудбалкската легенда.

Поранешната ѕвезда на „Манчестер јунајтед“ откри дека неговата сопруга, која се прослави како член на култниот поп-бенд „Спајс грлс“ во 90-тите, еднаш ја прекршила својата строга диета кога била бремена со Харпер. Тој ова го опиша како една од неговите омилени вечери.

Говорејќи на поткастот River Cafe Table 4, тој рече: „Единствениот пат кога таа го промени менито беше, всушност, кога беше бремена со Харпер и тоа беше неверојатно вкусно. Тоа беше една од моите омилени вечери. Не можам да се сетам што беше, но знам дека оттогаш не сум ја видел да јаде нешто слично“.

Дејвид потоа откри дека потајно сака да биде сам дома затоа што тоа значи дека може да јаде што сака.

„Неодамна бев во самоизолација пет дена бидејќи се вратив од Италија, родителите на Викторија имаа забава и јас не можев да одам таму. Така, сите беа надвор од куќата и јас потајно уживав“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП