20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХаризматичната Хали Бери плени со својот изглед на црвениот тепих

Харизматичната Хали Бери плени со својот изглед на црвениот тепих

Хали Бери го привлече вниманието во црн мини фустан на премиерата на научнофантастичниот трилер Moonfall во театарот TCL во Холивуд во понеделникот вечерта.

Таа позира со режисерот Роланд Емерих и актерот Патрик Вилсон.

Само неколку дена пред нејзиниот нов филм за група астронаути што се обидуваат да ја спречат Месечината од фатален судир со Земјата, а кој пристига во киносалите в петок, Хали (55) се појави на црвениот тепих во впечатлив фустан со надуени ракави.

Ѕвездата на Catwoman го дополни својот изглед со нежен сребрен ѓердан и светкави обувки.

Оваа креација ги истакнува нејзиниот исоначан тен и убавата фигура. Мајката на две деца изгледа апсолутно блескаво со нагласени прамни во медова боја и елегантно поткрената коса со неколку локни што висат надолу.

Оскаровката зрачи со самодоверба додека го покажува фустанот одзади и гледа преку рамото со нежна насмевка и со двете раце на колковите.

Таа е една од холивудските дами чиј изглед ни приближно не ги издава нејзините години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП