20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпопуларниот пикап во светот слави јубилеј: 40.000.000 примероци! (ФОТО/ВИДЕО)

Најпопуларниот пикап во светот слави јубилеј: 40.000.000 примероци! (ФОТО/ВИДЕО)

40-милионитиот „Ford F-Series“ за американскиот пазар е направен во Дирборн.

Јубилејниот модел „Ford F-150 Tremor“ излезе од производствената лента во фабриката во Мичиген и наскоро ќе се упати кај својот сопственик во Тексас.

Така компанијата достигна бројка од 40 милиони „F-Series“ по 75 години присуство на американскиот пазар, откако камионетите на „Ford“ со оваа ознака почнаа да се произведуваат во далечната 1947-ма година.

За импресивноста на оваа бројка говори и статистиката според која „Ford“ во последните седум и пол децении годишно склопувал над половина милион примероци од „F-Series“, поточно 533.333 возила.

Се разбира, тоа е премногу поедноставен поглед на работите со оглед на тоа што „F-Series“ стана најпродаваниот камионет во Америка дури во 1977-ма година.

„Ford“ ја има таа титула 45 години, а ако се погледнат патничките автомобили, „F-Series“ е најпродаваното возило во Америка 40 години по ред.

Минатата година, 726.004 од овие возила беа продадени во САД. Тоа е за 156.616 копии повеќе од најсилниот конкурент на „Ram“.

„Ford“ се надева дека трендот ќе продолжи со нови верзии како што се „F-150 Lightning“ и „F-150 Raptor R“. Тие ќе покриваат многу различни групи на потрошувачи, бидејќи првиот е електричен, додека вториот има моќен V8 под хаубата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП