24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДали е на повидок нова романса: Бред Пит и Лики Ли

Дали е на повидок нова романса: Бред Пит и Лики Ли

Светските шоу-биз медиуми објавија дека Бред Пит, наводно, е во врска со шведската пејачка и текстописец Лики Ли.

Шпекулации за новата холивудска романса почнаа да се шират во средата, кога таблоидите цитираа анонимен извор дека Бред (58) и Лики (35) тајно се гледаат, иако парот не е фотографиран заедно.

Весникот „Сан“, кој прв ја објави веста, пишува дека Лики живее на три минути возење од Бред, што помага наводната романса полесно да се чува во тајност.

„Бред и Лики може лесно да поминат под радарот затоа што се соседи,“ тврди инсајдер за весникот.

„Совршено му оди во прилог на Бред да има некој што му се допаѓа да живее толку блиску, за да може да остане незабележан од радарот“, весникот го цитира изворот.

Бред почнал да поминува повеќе време со шведската пејачка уште од средината на 2021 година.

Љубовниот живот на хоивудскиот миленик предизвика бура од гласини, кои во минатото го поврзуваа со имиња како израелската професорка Нери Оксман и германската манекенка Никол Потуралски.

Во моментов тој се уште е заплеткан во битка за старателство со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, која поднесе барање за развод во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП