25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОрторексија - претерување кое води кон опседнатост

Орторексија – претерување кое води кон опседнатост

Опседнатоста со здрава исхрана има и стручно име – орторексија.

Во 21 век е забележан се поголем број на луѓе кои внимаваат што поздраво да се хранат, но и оние кои стануваат опседнати со тој начин на живот. А ниту една опседнатост не е добра.

Таквата состојба стручно се нарекува орторексија, а повеќето од лекарите, нутриционистите, па и тренерите ќе се сложат дека целoсното исфрлување на одредени намирници од исхраната, со исклучок на нетолеранцијата кон нив, е штетно за здравјето.

Но, и покрај тоа, таквите луѓе ги има во голем број, а најчесто ги исфрлаат намирниците кои содржат глутен, месо, млечни производи, процесуирана храна и слично.

Со други зборови, орторексијата е страв од тоа личноста да јаде намирници поради кои може да не биде здрава.

Иако треба да се внимава на здравјето, ниту една опседнатост не е добра, а орторексијата е и психички проблем. Француската нутриционистка Софи Ортега предупредува и дека „clean eating“ влијае на недостатокот на витамин Б12 во организмот, а него го има во јајцата, млечните производи, месото и рибата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП