24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Toyota“ предупреди дека за „Land Cruiser“ ќе се чека 4 години

„Toyota“ предупреди дека за „Land Cruiser“ ќе се чека 4 години

Јапонскиот производител „Toyota“ официјално ги предупреди своите клиенти дека рокот на испорака на новиот „Land Cruiser“ е продолжен на 4 години. Информациите се појавија на веб-страницата на компанијата и досега беа адресирани до корисниците на домашниот пазар.

„Компанијата се извинува за моменталната ситуација и ги информира своите клиенти дека чекањето за испорака на новиот теренец ќе трае околу четири години. Причината за потешкотиите со понудата е големата побарувачка на моделот и недостигот на микроелектроника, кој помина од минатата година во оваа година и продолжува да влијае на производството“, се вели во соопштението.

Компанијата додаде дека „ќе направат се што е можно за да го намалат времето за испорака на автомобилите до клиентите“ и побараа разбирање. А тоа веројатно значи дека доцнењето ќе влијае не само на потрошувачите во Јапонија, туку и на оние во другите земји.

Новата генерација на „Land Cruiser 300“ беше претставена минатата година, а во првиот месец „Toyota“ собра повеќе од 20.000 нарачки за автомобилот. Поради огромниот интерес, компанијата ја забрани препродажбата на теренецот во трети земји, а во август призна дека за врвните верзии ќе се чекаат и до 4 години. Сега ова ќе важи за сите модификации на автомобилот.

Ситуацијата дополнително ќе се влоши со претстојното принудно затворање на погоните на компанијата ширум светот. Поради него во февруари од фабриките на „Toyota“ ќе излезат 160.000 автомобили помалку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП