Хрватската пејачка Северина ја објави, според многумина, својата најатрактивна слика досега.
Со описот „Вовед во анатомија“, Северина за само неколку минути од објавата собра повеќе од илјада лајкови на Инстаграм.
На неа пејачката со хитовите „Uno momento“ и „Tarapana“ позира пред ѕидот, кога го соблекува сребрениот фустан. Таа гледа преку рамо во камерата додека ја крева едната нога како да се обидува да продолжи напред.
Многумина и пишаа дека изгледа совршено и го има најдоброто тело на сцената, а актерката Христина Поповиќ напиша: “Ух … ти, и јас сум иста таква! Едноставно не гледам …”
