9 јули, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.01.2022

Дневен хороскоп 19.01.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Избегнувајте секаков вид на ризици во деловните преговори. Внимавајте да не западнете во лоши финансиски инвестиции. Премногу сте попустливи кон саканото лице. Партнерот тоа го искористува максимално.

Бик (21.04 – 21.05)

Вложувате големи напори, но околината нема доволно почит за вашите деловни интереси. Несе разочарувајте. Партнерот има одлични идеи и планови, вклучете се и вие во нив.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можеби малку претерувате со вашите деловни амбиции и со докажувањето на работа. Колегите ќе ве замразат, бидејќи свесни се дека половина од работите ги извршувате со ситни измами. Преиспитајте ја емотивната врска, нешто почнува да шкрипи.

Рак (22.06 – 22.07)

Иако сте полни со енергија треба да имате во предвид дека не можете да остварите се што сте зацртале. Потребно е да научите да ги одделите приватниот и деловниот живот, со цел да не си направите проблеми.

Лав (23.07 – 22.08)

Немате доверба во соработниците. Ве осветуваме да не ги откривате вашите планоци. Ве нервира однесувањето на партнерот. Не ви одговараат неговите постојани изговори.

Девица (23.08 – 22.09)

Променете ја деловната тактика за да остварите подобри деловни резултати. Слободните Девици можат да очекуваат зближување со една личност од опкружувањето.

Вага (23.09 – 22.10)

Внесете малку трпение и сигурно ќе успеете да ги оставрите зацртаните планови. Преиспитајте го однесувањето на партнерот, најверојатно нешто крие. Разговарајте отворено.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашата основна предност е во тоа што соработниците немаат доволно знаење или храброст да ви се спротивстават. Ќе се соочите со критиките од партнерот, не реагирајте бурно.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе добиете интересен деловен предлог. Размислете пред да се залетате. Партнерот ги одредува правилата за емотивното однесување, а на вас ви преостанува да се помирите со неговите одлуки.

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате одлични идеи но не знаете како да ги преставите, време е да научите како да се истакнувате. Во љубовта без причина имате негативни мисли. Исфрлете ги од главата.

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашите соработници и пријатели имаат добри намери, па така денес ве очекуваат позитивни случувања. Во љубовта не се двоумете за личноста која ви упатува емотивни сигнали.

Риби (20.02 – 20.03)

Позитивно сте расположени. Обидете се тоа да го пренесете на работа. Нема причина за лажна скромност. Партнерот ќе ве изненади со некои негови потези, позитивно се разбира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар