19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ вратен во хотелот за мигранти, објавена снимка како го носат во...

Ѓоковиќ вратен во хотелот за мигранти, објавена снимка како го носат во притвор(ВИДЕО)

Откако Австралија повторно му ја одби визата, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по вчерашното сослушување, одново е вратен во притвор.

До вечерашното судење, властите го сместија најдобриот светски тенисер во хотелот „Парк“, истиот хотел во кој беше и кога првпат пристигна во Австралија.

Се појави и првото видео на Ѓоковиќ по неколку дена, снимено во моментот кога тој бил приведен.

„Тениската ѕвезда изгледа смирено и присебно“, го опишува однесувањето на Ѓоковиќ по сослушувањето, австралиски The Age.

Ѓоковиќ уште еднаш ќе преноќи во злогласениот хотел, бидејќи објавувањето на конечната одлука е закажано за 9:30 часот по локално време, а вечерва во 23:30 часот по средноевропско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП