10 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 15-16.01.2022

Викенд хороскоп 15-16.01.2022

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате премногу обврски, а тоа ќе биде психолошки товар за вас. Првиот впечаток лесно знае да ве измами, не ги оценувајте луѓето веднаш. Дадете си време и простор за одмор, тоа навистина ви е потребно.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Викендов обидете се да се релаксирате во друштво на пријателите. Нека не ве нервираат некои стари приказни, дадете им време на проблемите и се ќе биде решено. Отворете ги очите, околу вас некој не е искрен.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Викендов ќе дојдете до некои важни информации, обрнете им внимание. Се што сакате е саканото лице да биде среќно и задоволно. Па што чекате, направете се за него.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе имате мал проблем со концентрацијата, се што правите проверете го два пати. Избегнувајте ги расправиите со саканото лице. Викендов одвојте квалитетно време за одмор.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Очекувате нови случувања на деловен план. Прифатете ги со оптимизам и ќе ви се врати со добро. Не се грижите за ситните проблеми во врската, со добар разговор се може да се реши.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Работата прави голем притисок врз вас. Замолете некој од колегите да ви помогне да го решите проблемот кој го имате. Имате чувство дека партнерот сокрива некои детали од вас, разговарајте отворено.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Прифатете ги корисните совети од вашата блиска околина, не водете инат. Некои нешта нема да ви бидат по желба, но останете смирени. Партнерот ќе биде револтиран од вашето однесување, но без грижа, нема да имате големи проблеми.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некои важни работи ќе биде потребно да ги преземете во ваши раце. Поинаку не ќе можете да ги остварите зацртаните цели. Ако сакате да бидете среќни, верувајте и повеќе на интуицијата.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

За викендов имате одлични планови. Време е за акција, па затоа не губете го времето, партнерот сака искрен и отворен разговор со вас, немојте да го игнорирате.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате некое лошо претчувство, поразговарајте со партнерот и смирете се. Потребно ви е внимание, па затоа викендов не се затворајте дома, излезете со пријателите на кафе. Можна е мала настинка, стоплете се со топли напитоци.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендов планетите не се поволни за инвестирање на пари во било што. Опуштете се и уживајте во најблиското друштво. Не им дозволувајте на некои лица да го коментираат вашиот живот гласно.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Почекајте ги официјалните податоци пред да донесете некоја одлука. Меѓу вас и партнерот постои недоверба. Ќе морате да го решите тоа што поскоро. Викендов најдете време и за повозрасните членови од семејството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП