24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМислевте дека ова е здрава храна? Кога ќе слушнете што има во...

Мислевте дека ова е здрава храна? Кога ќе слушнете што има во неа, повеќе нема да ја јадете

Вештачките бои за храна се многу штетни и луѓето мислат дека успешно ги избегнуваат. Сепак, тоа не е така, бидејќи нив ги содржат и здравите намирници.

Во последно време се повеќе луѓе водат сметка за здравата исхрана, а веројатно и вие сте меѓу нив. Сепак, она што не го знаете е дека и здравите намирници можат да содржат вештачки бои.

Индустриската храна не е баш добра за вашиот организам

Дури и намирниците за кои сте мислеле дека се здрави, всушност често имаат и дополнителни хемикалии за да бидат повкусни, или само за да изгледаат подобро.

Ова е листа на намирници во кои се додаваат вештачки бои.

Димен лосос

Силно розевата боја, по која е лососот познат, не е секогаш природна. Постојат производители кои користат комбинации од плава, жолта и црвена боја во своите рибни производи, со цел филетите да делуваат поатрактивно.

Снегулки

Во овој случај не станува збор само за шарените житарки кои се наменети за децата. Трагите од плавата и црвена боја се пронајдени дури и во снегулките од целите житарки за возрасни.

Овошен јогурт

Не само што овошниот јогурт често има повеќе шеќер од една крофна, туку најчесто е обоен и со вештачки бои.

Преливи за салата

Дури и преливите кои се со бела боја често содржат одредена количина на вештачки бои, а тоа особено се однесува на варијантите со овошни вкусови.

Кисели краставици

Зошто киселите краставици кои ги правите дома никогаш не изгледаат како оние од продавница? Да речеме затоа што често им се додава боја, со цел да бидат зелени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП