26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСестрана легенда: Кијану Ривс својата заработка од оригиналниот „Матрикс“ ја донира во...

Сестрана легенда: Кијану Ривс својата заработка од оригиналниот „Матрикс“ ја донира во добротворни цели

Доброто момче од Холивуд, Кијану Ривс, наводно, го донирал најголемиот дел од својот хонорар од „Д’ матрикс“ – првиот филм од научнофантастичниот сага – на центар за истражување на леукемија.

Американските медиуи потсетуваат дека Ривс се вози во метро и го отстапува своето место за други патници. Го намалил својот хонорар во „Матрикс“ за неговите соработници да добијат поголема плата, а и дека помагал при разнесување техничка опрема за време на снимањето на „Џон Вик“.

Според „Лед бајбл“ (LAD Bible), 57-годишниот актер донирал 70% од својата плата од првиот филм „Матрикс“ од 1999 година – огромни 44 милиони долари – за да помогне да се најде лек за леукемија.

Токму за време на успехот на „Матрикс“ Ривс одлучи дека треба да биде поблиску до својата болна сестра Ким  и ја стави својата актерска кариера на пауза.

Снимањето на продолженијата беше одложено, а Кијану стана негувател на Ким. Дури и откако ракот се повлече и нејзината состојба значително се подобри, Кијану и понатаму донираше пари за истражување, и на крајот основаше сопствен фонд за борба против рак.

„Имам приватна фондација која работи пет или шест години и помага на детски болници и на центри за истражување на рак. Само не сакам моето име да се споменува. Им обезбедувам средства и тие си ја вршат својата работа,“ Кијану скромно откри во едно интервју.

Да – тој го прави сето ова под радарот, без потреба да се фали или да биде во центар на внимание. Затоа што тоа е типично за Кијану, коментираат американски медиуми, додавајќи: „Дали е конечно време Кијану Ривс да се прогласи за светец заштитник?“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП