6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да си го прочистите телото?

Како да си го прочистите телото?

Премногу шеќери, масти или алкохол… сето ова го оптоварува вашиот организам и воедно оштетува. Добрата вест е дека вашиот организам има превентивна способност и може да го поднесе тоа. Лошата вест е дека сепак ќе дојде до одредено оштетување, а тоа бара одредена помош од вас. Кога веќе сте одбрале да му наштетите, повелете и опоравете го.

После алкохол

Не треба да ви кажеме дека алкохолот негативно влијае врз организмот и им штети на бубрезите и црниот дроб. Колку подолго користите алкохол или некои наркотици, толку оштетувањето е поголемо, што може да доведе до откажување на некои органи, дијабетес, дебелеење… Затоа е многу потребно одвреме навреме да го исчистите организмот.

Пијалоци за чистење

Природните пијалоци можат да помогнат во чистење на вашиот организам и во подобрување на системот за дигестија, да ви дадат посвеж изглед и да ја надоместат изгубената сила. Во овој случај, треба да запаметете дека природните верзии се секогаш подобри од кои и да е производ кој ветува детоксикација.

Сокови од овошје и зеленчук

Кога веќе се одлучивте за природни сокови, направете ги сами од одредени овошја или зеленчук. Овие намирници имаат природни состојки кои го лечат организмот, бидејќи содржат витамини, антиоксиданси и потребни влакна. Еден од најпознатите пијалоци од соковник е комбинацијата од два големи портокали, две јаболка и три моркови. Оваа комбинација го контролира апетитот и дава енергија, додека паралелно го чисти телото.

Зелен чај

Зелениот чај може да ја задоволи жедта во летните денови и да ве смири во зимските вечери. Тој го чисти организмот со антиоксидансите што ги содржи. За да го подобрите метаболизмот, пијте четири до шест шолји зелен чај на ден и избегнувајте житарици, леб, тестенини, сирење, млеко и шеќер во тој период.

Вода

Кога размислувате за детоксикација, никако не ја заборавајте водата, посебно ако сте јаделе сува храна. Шест до осум чаши на ден треба да ви биде доволно за поттикнување на природните процеси за чистење на организмот, како и за почиста кожа и повеќе енергија.

Лимон

Прочистувањето со лимонот го стимулира дигестивниот систем, особено ако го пиете со природен шеќер и црвена пиперка. Рецептот содржи исцеден пола лимон, лажичка мед или природен шеќер, малку лута пиперка и 2,5 децилитри млака вода, а најдобро е да се консумира наутро.

Листа на добри намирници за чистење: брокула, зелка, морков, папаја, праска, карфиол и целер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП