27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтив Балмер се повлекува од Микрософт

Стив Балмер се повлекува од Микрософт

balmer

Извршниот директор на ИТ гигантот Микрософт, Стив Балмер најави дека ќе се повлече од оваа функција во следната година, соопшти компанијата од Редмонд. Микрософт веќе започна да бара негов наследник.

На чело на тимот кој ќе го одбере наследникот на Балмер е членот на Управниот одбор, Џон Томсон. Балмер до повлекувањето ќе продолжи да ја врши својата функција и ќе продолжи да ја води компанијата во следната фаза на трансформација.

„Никогаш не е вистински момент за промени, но сега е тој момент. Изгласавме нова стратегија и нова организација на работата, а имаме и одличен тим кој не води. Мојот оргинален план беше да се повлечам на половина од процесот на трансформација на компанијата која примарно ќе биде насочена кон нови уреди и нудење на ИТ услуги. Сега ни е потребен Извршен директор кој овде ќе остане до крајот и ќе го надгледува комплетниот процес“, изјави Балмер.

Покрај Томсон во тимот кој ќе го избира наследникот на Балмер се и претседателот на Управниот одбор, Бил Гејтс, како и Чак Носки и Стив Лукзо, сите на главни функции во Микрософт.

„Како член на одборот кој ја надгледува оваа трансформација ќе работам интензивно со останатите членови во изборот на нов директор. Имаме среќа што Стив ќе остане на оваа позиција додека не најдеме вистински кандидат и додека тој не ги превземе сите обврски“, вели Гејтс.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП