27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВолво ќе отвори две фабрики во Кина

Волво ќе отвори две фабрики во Кина

volvo (1)

Шведскиот производител на автомобили Волво кој е во сопственост на Гили, соопшти денеска дека добиле зелено светло од Пекинг за изградба на втората и третата фабрика во Кина.

Фабриката за мотори во Џангџако на северот од земјата ќе почне со работа во текот на есента, додека фабриката за делови која ќе биде во североисточна Кина во Данчин во целост ќе биде оспособена во 2014-та година, истакнаа од компанијата.

Двете фабрики ќе бидат заеднички вложувања во кои Волво ќе има 30 проценти удел, а компанијата во рамките на Гили останатиот дел. Кина за Волво стана приоритет, бидејќи европскиот пазар е во криза, а шведската компанија во САД се уште не е така популарна.

Волво веќе има фабрика во градот Чендгу во југозападна Кина, а во 2010-та година шведската компанија ја купи кинескиот производител Гили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП