Благиот вкус на јаболките и нивното алкално дејство на организмот го прават иделна состојка за детокс деновите…
За овој напиток ви се потребни:
– 2 јаболки
– 2 стапчиња цимет
– 1 литар вода
Прво добро измијте ги јаболките па исецкајте ги на тенки парчиња – доволно тенки за да можете да ги ставите во стаклено шише. Потоа додете ги стапчињата цимет во шишето па прелијте ги со водата. Оставете ја смесата да преноќи во фрижидер.
Утредента испијте ја водата, а овошјето и циметот прелијте ги со нова вода.
Можете да ги користите за три дози (три дена), а за четвртиот ден исецкајте нови јаболки и употребете нови стапчиња цимет.
Чистењето на организмот со овој напиток не би требало да трае подолго од 35 дена, а доколку по чистењето сакате да го повторите третманот прво направете пауза од десет дена па потоа започнете со нов третман од 35 дена.