27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот флексибилен „Huawei“ се издвојува по една карактеристика (ВИДЕО)

Новиот флексибилен „Huawei“ се издвојува по една карактеристика (ВИДЕО)

По три генерации на мобилни телефони од серијата „Mate X“, „Huawei“ конечно го претстави својот прв флексибилен модел на преклопување – „Huawei P50 Pocket“.

„P50 Pocket“ го имплементира патентираниот, повеќедимензионален дизајн на шарки на „Huawei“, кој овозможува да нема видливи празнини кога уредот е затворен.

Телефонот по својот дизајн е продолжение на она што го донесе серијата „Huawei P50“ и користи прилагоден дизајн со „3D“ стакло.

Што се однесува до спецификациите, „Huawei P50 Pocket“ има главен „OLED“ екран од 6,9 инчи од 120 Hz (2790 x 1188p резолуција). Предната камера се наоѓа во отворот на горниот дел од екранот.

Помалиот надворешен екран од еден инч е кружен, а освен што прикажува време, датум и известувања, има и некои други функции. Постојат виџети за услуги за апликации како што се мапи, музички плеери и „QR“ кодови.

Телефонот има три камери – главна камера од 40MP, 13MP f / 2.2 ултра широка и 32MP f / 1.8 ултра спектар камера, што треба да го подобри прикажувањето на боите.

„P50 Pocket“ работи со чипсет „Snapdragon 888 4G“, со 8/12 GB RAM и 256/512 GB простор. Сè се напојува со батерија од 4.000 mAh, со поддршка за полнење од 40 W. Оперативниот систем е „HarmonyOS“.

Телефонот беше претставен во Кина, а останува да се види дали ќе стане достапен на глобално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП