2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва се првите 8 симптоми на омикрон: Еден е почест од сите...

Ова се првите 8 симптоми на омикрон: Еден е почест од сите други

Омикрон се шири со голема брзина во Европа и светот, а додека оваа нова варијанта на коронавирус сè уште е делумно непозната за научниците ширум светот, едно е сигурно – симптоми кои укажуваат дека можеби сте заразени со истиот.

Експертите досега идентификуваа осум симптоми на омикрон, а тие се:

гребење во грлото

течење на носот

замор

кивање

болки во долниот дел на грбот

главоболка

ноќно потење

болка во мускулите.

„Се надеваме дека луѓето веќе научија да ги препознаваат овие симптоми слични на настинка, кои се чини дека се доминантна карактеристика на омикрон“, рече професорот Тим ​​Спектор, кој е еден од креаторите на апликацијата која ги следи симптомите на Ковид-19.

Студијата спроведена од Спектор и неговиот тим покажа дека само половина од луѓето кои моментално страдаат од Ковид пријавиле некои од трите стандардни симптоми идентификувани од Британската национална служба: треска, кашлица или губење на мирис и вкус.

Унбен Пили, еден од јужноафриканските лекари, каде првично се рашири варијантата омикрон, истакна дека најчесто прима пациенти кои се жалат на „сува кашлица, треска, ноќно потење и силни болки во телото“.

Д-р Амир Кан од Велика Британија, исто така, го издвои ноќното потење како еден од најчестите симптоми во моментов, и тоа од оние типови „каде што можеби ќе сакате да станете и да се пресоблечете“.

Засега се претпоставува дека ова е поблага варијанта во споредба со до неодамна доминантниот вид делта, но тоа сè уште не може со сигурност да се тврди. Исто така, експертите советуваат да се прима трета, бустер доза која го зголемува нивото на заштита од омикрон на 75 проценти.

Инаку, во Британија досега се евидентирани 45.145 инфекции со омикрон варијантата, од кои 104 пациенти се хоспитализирани, а 12 починале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП