26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТие што сакаат да го гледаат новиот „Бетмен“ ќе мора да одат...

Тие што сакаат да го гледаат новиот „Бетмен“ ќе мора да одат во кино(ВИДЕО)

На големо задоволство на многу режисери кои ја критикуваа нивната одлука, „Ворнер Брос“ реши да ја ублажи најавената стратегија – филмовите од сопствената продукција да ги прикажува и во киносали и на „ХБО макс“ во исто време.

Нивниот план за 2022 година е да ги исполнат договорните обврски кон кината, агентите, актерите и режисерите и да ги прикажуваат нивните филмови исклучиво во кината до крајот на прикажувањето, без разлика каква ќе биде ситуацијата со пандемијата.

Доколку решат да го прекршат договорот поради било која причина, ќе се соочат со тужби како таа на Скарлет Јохансон, откако Дизни реши да го пушти филмот на својата стриминг-услуга и со тоа значително да влијае на процентот што актерката требаше да го добие од продажбата на билети.

Она што е важно за гледачите е дека филмовите на „Ворнер Брос како „Бетмен“, „Флеш“ продолжение на „Аквамен“, „Блек Адам“ и „Лигата на супер-миленичиња“ ќе може да се гледаат исклучиво во кино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП