7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХоливуд молчи за номинациите за „Златен глобус“ среде контроверзи

Холивуд молчи за номинациите за „Златен глобус“ среде контроверзи

Филмските драми The Power of the Dog („Моќта на кучето“) и Belfast („Белфаст“) ги предводеа номинациите во понеделникот (13 декември) за „Златни глобуси “ во година замаглена со контроверзи и значително намалена церемонија, коментираат странските медиуми.

„Белфаст“, сместен во 1970-тите во Северна Ирска, и „Моќта на кучето“ во режија на Џејн Кемпион, добија по седум номинации. По нив следеа сатирата за глобалното затоплување Don’t Look Uр („Не гледај нагоре“), „Кралот Ричард“ – за таткото на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс, римејкот на бродвејскиот мјузикл „Приказна од западната страна“ во режија на Стивен Спилберг, и приказната за полнолетство Licorice Pizza, со по четири.

Филмовите на „Нетфликс“ добија водечки 17 номинации.

Добитниците на „Златен глобус“ ќе бидат објавени на 9 јануари, но форматот на церемонијата е нејасен откако телевизијата Ен-би-си претходно оваа година се откажа од плановите да ја емитува блескавата церемонија во Беверли Хилс по контроверзите околу Холивудското здружение на странски новинари (ХФПА), кое гласа за наградите.

Номинациите во понеделникот беа пречекани главно со молк од филмските студија и актерите кои вообичаено ги преплавуваат социјалните мрежи и репортерите со благодарност и реакции.

Не е јасно дали некој од номинираните ќе присуствува на јануарската церемонија, која беше една од најголемите наградни шоуа во Холивуд во пресрет на „Оскарите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП