16 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИндијката Харназ Санду крунисана за Мис Универзум

Индијката Харназ Санду крунисана за Мис Универзум

Мис Индија ја презеде круната на 70. избор на Мис Универзум што се одржа во израелскиот туристички град Ејлат на Црвеното Море доцна ноќта во недела.

Речиси 600 милиони гледачи се приклучија да го гледаат величествениот настан, еден од најконтроверзните натпревари за убавина допрен од политиката и пандемијата, коментираат светските медиуми.

Харназ Санду (21), боливудска актерка, победи 79 други натпреварувачки за титулата и беше крунисана од претходната односно актуелната Мис Универзум, Андреа Меза од Мексико.

Боливудската ѕвезда ја победи Мис САД Ел Смит, која се најде во првите десет на натпреварoт погоден од пандемиски невољи и политички бојкот.

Мис Јужна Африка, една од многуте натпреварувачки под притисок од нејзината влада да го бојкотира контроверзниот натпревар во знак на протест против односот на Израел кон Палестинците, беше прогласена за втора придружничка.

Оумдесет девојки се натпреваруваа за дијадемата на меѓународниот натпревар. Но, на крајот останаа три – Мис Јужна Африка Лалела Мсване, Мис Парагвај Надија Фереира и Мис Индија Харназ Санду.

Натпреварот, чиј водител беше Американецот Стив Харви, вклучуваше традиционални прикази на национални носии, костими за капење и низа прашања за интервју во кое се тестираат вештините за јавно говорење на натпреварувачките.

Кога боливудската актерка беше прогласена за победничка, таа не можеше да ги задржи солзите радосници пред да ја направи својата прва прошетка на сцената како Мис Универзум.

21-годишната носителка на титулата рече дека се чувствува „преплавена од емоции бидејќи поминаа 21 година откако Индија ја доби круната мис на универзумот – а тоа се случува токму сега“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП