26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакс Ферстапен е новиот шампион во Формула 1

Макс Ферстапен е новиот шампион во Формула 1

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон (Мерцедес) беше на само еден чекор да биде старо-новиот шампион во Формула 1 и по рекорден осми пат да ја освои титулата во најбрзиот циркус. Сепак Ферстапен е тој кој се радува на првата титула во кариерата.

Сепак финишот на денешната последната сезонска трка за ГН на Абу Даби донесе неверојатен пресврт за кој уште долго ќе се раскажува. А не одеше речиси ништо во корист на Холанѓанецот во текот на 58-те круга во Абу Даби.

Иако Британецот стартуваше од втората позиција, уште по првиот свиок го претекна директниот противник за титулата – Макс Ферстапен од Ред Бул и до крајот на 58-те круга рутинирано стигна до нова, четврта победа во низа за нова титула.

Првите кругови од трката донесоа најголеми возбудувања затоа што Холанѓанецот се најде во позиција да си го врати првото место, по што дојде до контакт меѓу двајцата возачи, а Хамилтон мораше да излезе од патеката за да го задржа првото место.

Иако Ферстапен тврдеше дека Хамилтон направил повреда на правилата со тоа што ја „пресече“ патеката, сепак помина без санкција.

Откако двајцата првопласирани возачи (ја започнаа денешната трка со по 369,5 поени) ги сменија пневматиците, клупскиот колега на Ферстапен, Серхио Перез се обидуваше да го забави Хамилтон и да му помогне на Холанѓанецот да дојде до предност, но Британецот успеа да го надмине „ризичното“ возење на Мексиканецот и повторно ја заземе лидерската позиција на трката што потоа не ја испушташе се до самиот финиш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП