17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои успешно ќе ве заштитат од вируси и бактерии

Намирници кои успешно ќе ве заштитат од вируси и бактерии

Што мислите кои намирници навистина успешно ќе ве заштитат од вирусите и бактериите кои можат да ја загрозат вашата здравствена состојба? Ние ви претставуваме само неколку од нив, а вие обидете се да ги консумирате почесто…

Печурки

Освен вкусната арома што ја додаваат на јадењето, преполни се со антивирусни и противвоспалителни состојки што го подигнуваат имунитетот. Печурките се богати со селен, антиоксиданс кој штити од срцеви болести, некои видови на рак и предвремено стареење.

Брокула

Кралицата на зеленчукот, брокулата, ја заслужува репутацијата на здрава намирница. Богата со влакна и витамин Ц, има малку калории и претставува еден од најважните антиоксиданси.

Освен што е богата со железо, калциум и калиум, брокулата ги содржи витамините од групата Б, потоа К и Е. Штити од рак, срцеви болести, мозочен удар, проблеми со видот и губење на коскената маса.

Целер

Како идеален додаток во салати и супи, целерот е богат со влакна, витамин Б6 и калиум. Според некои истражувања, може да ја спречи појавата на рак, особено на дебелото црево.

Лук

Најдобриот борец против вирусите и бактериите е лукот, бидејќи содржи алицин, состојка која му дава неверојатна моќ.

Кинеска зелка

Подеднакво е слична како и обичната зелка, а истовремено е одличен извор на витамин К, кој има главна улога во одржувањето на здрави коски. Најдобро е да ја консумирате свежа, но доколку сакате да ја зготвите, не се препорачува премногу да се вари, бидејќи на тој начин се уништуваат вкусот и вредните состојки во него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП