19 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоколку сакате долг живот, ова е вистинско време за појадок

Доколку сакате долг живот, ова е вистинско време за појадок

Сите веќе знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот. Ново е тоа што експертите сметаат дека треба да се консумира рано наутро.

Новото истражување покажа дека оние кои појадуваат пред седум часот наутро можат да го продолжат животниот век.

Од друга страна, луѓето кои јадат доцна навечер го нарушуваат внатрешниот биоритам и го зголемуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Научниците од Универзитетот во Њујорк спроведоа истражување кое им помогна да разберат дали времето за појадок може да влијае на должината и квалитетот на нашите животи.

Студијата опфати повеќе од 34.000 американци на возраст над 40 години во текот на неколку децении. Волонтерите го бележеле времето на оброци, а научниците ги споредија со стапката на смртност за време на студијата.

Резултатите, објавени во списанието „Journal of Nutrition“, покажаа дека оние кои појадувале помеѓу 6 и 7 часот наутро имале шест отсто помали шанси да се разболат и да умрат од сериозни болести како што се срцев удар или рак, отколку оние кои појадувале редовно во 8 часот. како и 12 отсто помал ризик од рана смрт од оние кои го консумирале првиот оброк во 10 часот

Се смета дека прескокнувањето на појадокот или доцнењето го нарушува „часовникот за исхрана“ на телото – внатрешно програмирање кое го контролира ослободувањето на хормоните поврзани со исхраната, како што е инсулинот. Овој хормон помага во согорувањето на гликозата од крвотокот, а неговото ниво го достигнува својот врв во раните утрински часови, пишува Index.hr.

Помалку инсулин се произведува во телото на луѓето кои доцна јадат, што ја зголемува можноста за зголемување на нивото на гликоза во крвта, што доведува до дијабетес, дебелина и срцеви заболувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП