19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНема Саманта? Ким Катрал никогаш не била вклучена во оживувањето на „Сексот...

Нема Саманта? Ким Катрал никогаш не била вклучена во оживувањето на „Сексот и градот“

Ким Катрал никогаш не била вклучена во новата сезона на „Сексот и градот“.

65-годишната актерка, која ја глумеше промискуитетната Саманта Џонс во оригиналната хит-серија и двата последователни филмови, не била планирана за новото поглавје „И едноствно така…“ бидејќи таа не сакала да продолжи да го игра ликот.

Сценаристот Мајкл Патрик Кинг изјави: „И едноставно така…“ никогаш не беше четири ликови. Никогаш не беа четри на радарот бидејќи Ким Катрал, од која било причина, не сакаше повеќе да ја игра Саманта додека го правевме третиот филм.

Сепак, Кинг (67) брзо ја отфрли секоја идеја дека ликот на Саманта навистина го нема, иако таа нема да се гледа покрај Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Шарлот Јорк Голденблат (Кристин Дејвис) и Миранда Хобс (Синтија Никсон) во претстојното рестартирање.

This image has an empty alt attribute; its file name is sjp-kim-cattrall-satc-kb-main-210111-2-800x400.jpg

Во интервју за „Холивуд репортер“, тој додаде: „Има празнина што треба да ја пополнам затоа што Катрал не е на бродот. Саманта не постои во нивните животи. And Just Like That … се роди од овие три лика: каков е нивниот живот и кого можам да доведам да информира за тоа.“

Оригиналната серија – која се емитуваше од 1998 до 2004 година – создаде два спин-оф филмови, а третиот беше во продукција, но беше откажана откако Ким стана незаинтересирана за проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП