26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола: Силва е најдобриот играч во Премиер лигата

Гвардиола: Силва е најдобриот играч во Премиер лигата

Манчестер сити вчера, на португалски погон, во Бирмингем ја победи Астон Вила со 2:1. Рубен Дијаш го постигна првиот, а Бернардо Силва вториот гол за „граѓаните“. Сити се втори на табелата со бод помалку од лидерот Челси.

Силва постигна убав гол, реагираше на прва и топката што му ја испрати Габриел Жесус ја смести под гредата.

По мечот менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, одговорил на прашањето дали Бернардо е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

„Најдобар е. Најдобра беше и пред три години кога го освоивме првенството со 98 бодови. Најдете ги снимките од тогаш, погледнете ги ќе видите дека и денес е истиот играч. Може со топката да направи сè што ќе посака. Тој е фудбалер кој оваа игра ја игра на повисоко ниво“, рекол Гвардиола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП