22 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕИмате куче? Ќе живеете подолго!

Имате куче? Ќе живеете подолго!

Истражувањето во кое учествуваа 3,4 милиони Швеѓани, покажа дека сопствениците на кучиња имаат низок ризик од смрт од кардиоваскуларни болести.

Тим од научници од Универзитетот Упсала, ги анализираше националните регистри на луѓето меѓу 40 и 80 години и ги споредби со регистирите на сопствениците на кучиња. Така е установено дека од кардиоваскуларни болести поретко заболуваат сопствениците на кучиња, и тоа од повеќе причини.

Исто така, кучињата го поправаат расположението, на своите сопственици им пружаат чувство на благодет, а тоа особено важи за оние кои живеат сами.

Истражувањата покажаа дека самците кои имаат куче имаат и помал ризик од смрт поради срцев напад за 33 проценти, во однос на самците без куче.

И третата причина поради која е здраво да имате куче – овие домашни миленици го менуваат бактерискиот миробиом на сопственикот. Тоа е склоп од микроорганизми, односно еколошка заедница од сите облици на живот во и на телото на човекот.

Имено, оние кои имаат куче се поизложени на бактерии кои инаку не би ги имале, велат научниците, а тоа нивниот организам го прави посилен, навикнат на поголема група бактерии и поотпорен во споредба со организмот на лицата кои немаат куче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП