3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAchmea и Euroins се договорија за трансферот на Interamerican Bulgaria

Achmea и Euroins се договорија за трансферот на Interamerican Bulgaria

euroins

Achmea и Euroins Insurance Group потпишаа договор поврзан со осигурителните компании на Achmea во Бугарија, Interamerican Non Life и Interamerican Life. Договорот се однесува на трансферот на активностите во осигурувањето на Achmea во Бугарија. Финализацијата на трансакцијата е предмет на одобрување од страна на регулаторниот орган и се очекува да се случи заклучно со втората половина на 2013.

Wilem van Duin, Претседателот на бордот на Achmea изјави: „Оваа трансакција е резултат на интернационалната бизнис стратегија на Achmea. Нашата интенција е да инвестираме во компании кои имаат значајна величина и се во склад со нашата главна компетенција за неживотно и здравствено осигурување, дистрибуирано преку директни продажни канали или преку банкосигурување. Убедени сме дека со помош на Euroins Insurance Group, Interamerican ќе се развива дополнително во рамки на осигурителниот пазар во Бугарија преку брокери и ќе продолжи да ги поддржува своите клиенти и останатите акционери.”

Главниот Извршен Директор на Евроинс, Г-динот Кирил Бошов коментираше: „Многу сме задоволни што постигнавме договор со Achmea околу трансферот на Interamerican Bulgaria. Со оваа трансакција, Euroins Insurance Group ќе се здобие со комплетно портфолио на осигурителни лиценци – неживотно, животно и здравствено осигурување. Компанијата ќе биде во можност да им понуди на сегашните и на сите идни клиенти комбинирани осигурителни продукти. Горди сме што ја гледаме групацијата како дополнително се развива преку ова спојување.”

Со цел да се олесни стабилна транзиција и поддршка на развојот на компанијата, Извршниот директор на Interamerican, Dominique Bauduin ќе остане во компанијата и во рамките на новата групација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП