8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОриз – одличен избор за здравјето

Ориз – одличен избор за здравјето

Оризот одлично се комбинира како прилог со главните јадења, но и самиот може да ја понесе таа титула или да биде вкусна посластица.

Готово ниедна друга храна не може да промени толку улоги и така добро да се вклопи во менијата на сите меридијани.

Меѓутоа, дури и најголемите љубители на оризот можеби не се свесни колку оваа намирница е здрава. Оризот има неверојатна моќ да даде инстант енергија и брзо да ве засити. Покај тоа, оваа намирница влијае позитивно и на варењето и на здравјето на цревата.

Оризот е богат со состојќи кои можат да го регулираат нивото на шеќер во крвта, да го забават процесот на стареење и во исто време на кожата да и дадат младешки изглед.

Јадењата со ориз вашиот организам ќе го снабдат со витаминот Б1, а можат и да го забрзаат метаболизмот. Ако сакате да ослабите или да ја задржите линијата витка, потребно е оризот почесто да биде во вашето мени. Сепак, водете сметка да не му додавате премногу сол или состојки кои се калорични.

Оваа намирница влијае благотворно на вашето здравје и поради тоа што не содржи многу штетни материи, соли или холестерол. Така го чува вашето кардиоваскуларно здравје, ја пречува појавата на срцеви болести и го намалува ризикот од мозочен удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП