3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои ја намалуваат плодноста кај мажите

Намирници кои ја намалуваат плодноста кај мажите

Честото внесување на месни преработки е поврзано со намалената плодност кај мажите, покажа истражувањето спроведено на Харвард.

Според податоците собрани од 141 пар вклучен во постапката за медицинско потпомогнато оплодување, најмногу потешкотии со плодноста имале мажите кои најчесто консумирале месни преработки.

Кај нив е воочен за 28 проценти поголем ризик за неуспех во спроведувањето на постапката.

Консумацијата на месо и месни преработки била поврзана со зачестените потешкотии со плодноста кај мажите, пишува стручното списание „Фертилитет и стерилитет“.

Инаку, познати фактори кои ја намалуваат плодноста кај мажите се пушењето, дебелината и претераната консумација на алкохол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП