28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто крие во себе смартфонот OnePlus 10 Prо?

Што крие во себе смартфонот OnePlus 10 Prо?

Откако се појавија првите рендери за смартфонот „OnePlus 10 Pro“, сега се откриени и некои негови спецификации.

„OnePlus 10 Pro“ ќе има 6,7-инчен QHD+ AMOLED екран со фреквенција на освежување од 120 Hz, Qualcomm Snapdragon 8 Gen1 процесор, 8 или 12 GB RAM и 128 или 256 GB интерна меморија.

Што се однесува до камерите, позади е главната од 48, ултрашироката од 50 и сензор од 8 MP со 3.3х зумирање. Тоа е исто како и во случајот на моделот „OnePlus 9 Pro“, но „десетката“ ќе има подобрувања на сензорот.

Напред е селфи камера од 32 MP. Уредот го напојува батерија од 5.000 mAh, a засега нема информации за брзина на полнењето. Познато е дека ќе биде отпорен на вода и прашина по „IP68“ стандардот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП