26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБензема осуден во случајот „Валбуена“

Бензема осуден во случајот „Валбуена“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е виновен во случајот „Валбуена“. Судот претпладнево го казни Бензама со едногодишна условна затворска казна и глоба од 75.000 евра.

Случајот „Валбуена“ е од 2015 година. Бензема бил еден од луѓето што вршеле притисок врз Валбуена да им плати на уценувачите за тие да не го објават во јавноста неговото порновидео.

Снимката била украдена од мобилниот телефон на Валбуена.

Во текот на изрекувањето на пресудата Бензема не бил присутен, Тој се наоѓа во Молдавија, каде што Реал вечерва ќе му гостува на Шериф во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП