26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Не се срамам што го удрив Аспиликуета, повторно би го направил тоа“

„Не се срамам што го удрив Аспиликуета, повторно би го направил тоа“

Шведска, во петок ќе го дознае противникот во баражот за пласман на Светското првенство. Полу-финалето, ќе го пропушти Златан Ибрахимовиќ, поради жолти картони.

Парниот жолт картон 40-годишнот ветеран го доби против Шпанија, кога со намера го удри Цесар Аспиликуета. Од црвен картон го спаси само неговата репутација.

Во разговор за „Гардијан“, Ибрахимовиќ, признал дека намерата му била да го удри противникот.

„Намерно го направив тоа. Не се срамам. Тој претходно му направи нешто многу глупаво на еден од моите соиграчи. И повторно би го направил тоа за да разбере дека такви работи не смее да прави и би му кажал: „Немаш ма..а мене тоа да ми го направиш, но сепак ќе ти покажам што ќе се случи доколку мене ми го направиш тоа“. То е причината за мојот старт“, изјавил Ибрахимовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП