23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРасте интересот за електричниот „F-150 Lightning“ (ФОТО/ВИДЕО)

Расте интересот за електричниот „F-150 Lightning“ (ФОТО/ВИДЕО)

Електричниот камионет „F-150 Lightning“ влегува во следната фаза на производство во новиот центар за електрични возила на „Ford“ (дел од „Ford Rouge“ центарот) во Дирборн, Мичиген, каде што започна пробното сериско производство во септември.

Извршниот директор на „Ford“, Џим Фарли, откри за „Automotive News“ дека бројот на резервации сега „се приближува до 200.000 единици“.

„Не знаеме точно колкава е таа бројка, но тоа е значително зголемување од 160.000 пријавени на 3-ти ноември. И не само тоа, „Ford“ очекува огромното мнозинство на резервации, секако повеќе од 80 проценти, да се претворат во нарачки. Тоа би била импресивна врска, особено затоа што за повеќето луѓе кои резервирале ваков тип на возило сега, тоа би било првиот „Ford“ во нивните животи“, вели Фарли.

Во меѓувреме, „Ford“ ја објави динамиката на добиените резервации досега:

• 20-ти мај: 20.000 (за само 12 часа од почетокот на резервацијата)

• 21-ви мај: 44.500 (48 часа од почетокот)

• 27-ми мај: 70.000 (околу 8 дена од почетокот)

• 9-ти јуни: 100.000 (околу 3 недели од почетокот)

• 28-ми јули: 120.000 (околу 2 месеци од почетокот)

• 2-ри септември: 130.000 (нешто повеќе од 3 месеци од почетокот)

• 16-ти септември: 150.000 (околу 4 месеци од почетокот)

• 3-ти ноември: 160.000 (нешто повеќе од 5 месеци од почетокот)

• 18-ти ноември: близу 200.000 единици за речиси 6 месеци од почетокот на резервацијата

Според најновиот извештај, „Ford“ првично имал намера да произведува само 20.000 примероци од моделот „F-150 Lightning“ годишно.

Тој план подоцна беше проширен на веројатно 35.000 во 2022-ра година, 55.000 во 2023-та година и 80.000 во 2024-та година.

https://www.youtube.com/watch?v=Zxe352yOYyk

Поради најновата најава за двојно зголемување на производството на електрични возила, на 600.000 годишно во рок од две години (до крајот на 2023-та година), се претпоставува дека сега обемот на производство на „Ford F-150 Lightning“ би можел да биде многу поголем, можеби како дури 160.000 или повеќе годишно.

Ова нема да се случи преку ноќ, бидејќи новиот центар за електрични возила „Rouge“ е ограничен во просторот, па се претпоставува дека „Ford“ планира нова фабрика или нови производни линии на друга локација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП