4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДали најскапата слика во светот е автентична? Музејот„Прадо“ тврди дека не е

Дали најскапата слика во светот е автентична? Музејот„Прадо“ тврди дека не е

Кустоси од мадридскиот музеј „Прадо“ се изјаснија за автентичноста на сликата Salvador Mundi (Спасителот на светот) чие авторство му се припишува на Леонардо да Винчи.

Ова уметничко дело – Исус Христос во сина наметка држи кристална топка во левата рака и ја благословува со подигната десна рака – е создадено во 1500 година, според еминентни експерти.

Од моментот кога беше пронајдена, сликата предизвика дискусии за тоа дали е вистинско дело на Леонардо.

Во 2017 година, њујоршката аукциска куќа „Кристи“ ја продаде на саудискиот министер за култура Бадр бин Абдулах за чудесни 450 милиони долари.

Но, кустосите од шпанскиот национален музеј „Прадо“ не се согласуваат со колегите од американскиот „Кристи“, ниту со сите оние експерти кои тврдеа дека „Салватор Мунди“ е оригиналното дело на познатиот уметник од ренесансата, пренесува „Си-ен-ен“.

Каталогот на изложбата „Леонардо и копија од Мона Лиза“, која може да се види во Мадрид до 23 јануари 2022 година и која се фокусира на копија од Мона Лиза од музејот „Прадо“, ја доведува во прашање автентичноста на саудиската слика. Тоа е, исто така, најостра критика на автентичноста откако сликата е продадена за највисока цена во историјата.

Според „Прадо“, сликата се смета за дело „припишано на работилницата на Леонардо или овластено или надгледувано од него“, а се нарекува верзија на Кук бидејќи била купена во 1900 година од Френсис Кук од Лондон.

Кустосот на „Прадо“, Ана Гонзалес Мозо, во својот текст наведува дека некои експерти веруваат дека постои изгубен прототип на сликата, додека други сметаат дека верзијата на Кук е оригиналот. Сепак, таа тврди дека не постои прототип на Леонардо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП