25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏорџ Клуни никогаш не планирал да се ожени или да има деца

Џорџ Клуни никогаш не планирал да се ожени или да има деца

Џорџ Клуни има четиригодишни близнаци Александар и Ела со неговата сопруга Амал – а холивудската ѕвезда признава дека адвокатката целосно го променила неговиот поглед на животот.

„Не сакав да се оженам. Не сакав да имам деца. И тогаш ова извонредно човечко суштество влезе во мојот живот и едноставно лудо се заљубив, “ рече 60-годишниот актер.

„Од моментот кога ја запознав знаев дека сè ќе биде поинаку,“ рече тој во подкастот на Марк Марон

Некогашниот холивудски шармер исто така откри дека бил во состојба на шок кога дознал дека ќе имаат близнаци.

„Не знаев дека ќе имам близнаци.“

„Моментот кога одите на лекар и таму ви даваат парче хартија, сонограм и вие извикувате: oва е машко. Момче, фантастично! И тогаш тие рекоа: а другото е девојче.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП