18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМел Гибсон ќе го режира „Смртоносно оружје 5“

Мел Гибсон ќе го режира „Смртоносно оружје 5“

Мел Гибсон ќе застане зад камерата уште еднаш, овој пат за да го режира најновиот и веројатно последен дел од акционата сага Lethal Weapon.

Откако глумеше во првите четири филмови, холивудскиот ветеран ќе ја преземе режисерската палка за „Смртоносно оружје 5“, 23 години по последниот дел од култниот серијал.

Потегот доаѓа откако проектот беше стопиран кога режисерот Ричард Донер, кој беше на чело на претходните филмови од нивниот почеток во 1987 година, почина во јули.

Во текот на интервју во Лондон минатиот викенд, Гибсон рече дека би сакал да го режира петтото продолжение, а извори блиски до него во понеделникот открија дека тој е во преговори да глуми и да режира, иако сè уште нема официјален договор.

Гибсон доаѓа на местото на Ричард Донер, кој почина минатиот јули, а кој со текот на годините развиваше можно продолжение на филмот. По смртта на Донер, Гибсон сфати дека е правилно да продолжи со проектот како соодветна почит кон својот пријател и покоен режисер, пренесуваат американски медиуми.

Покрај Мел, во претходните филмови „Смртоносно оружје“ глумеше и Дени Гловер. Дали ќе му се придружи на Гибсон, останува да видиме.

Се очекува претстојниот филм да влезе во продукциската фаза во 2022 година.

Филмот би се развивал за „ХБО-макс“ додека стримерот продолжува да го гради својот список играни филмови кои премиерно ќе се прикажуваат на неговата платформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП