24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПочнува голема новогодишна наградна игра во Веро, премијата е автомобил Opel Crossland

Почнува голема новогодишна наградна игра во Веро, премијата е автомобил Opel Crossland

Веро ве дарува и желби ви остварува во пресрет на новогодишните празници со голема наградна игра во која главните награди се автомобил Opel Crossland и мобилен телефон Samsung Galaxy Z flip 3.

Наградната игра трае од 15 ноември до 30 декември. Покрај двете главни премии, наградниот фонд го сочинуваат многу вредни награди како што се таблети Huawei, часовници Хiaomi Mi, лед телевизори MI, прочистувачи на воздух Gorenje, лаптопи Acer, ранци за лаптоп, бавни готвачи Adler, сетови прибор за јадење, како и вредносни ваучери од по 1.000 и 2.000 денари.

Во новогодишната наградна игра може да учествуваат сите купувачи во Веро маркетите кои направиле сметка над 300 денари од означените промотивни производи. Со секоја таква сметка тие добиваат купон за учество кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии поставени во секој Веро маркет.

Секоја сабота во Веро центар ќе се извлекуваат добитници на неделните награди. Главното извлекување е закажано за 30 декември кога ќе се дознае кој е новиот сопственик на мобилниот телефон Samsung Galaxy Z flip и на главната награда Opel Crossland.

Сите добитници на награди ќе мора да ја приложат фискалната сметка со која го добиле наградниот купон за да може да ја подигнат наградата.

– Се наближува периодот на новогодишните празници во кој сите уживаме, но и период во кој веќе станува традиција Веро да ги дарува своите потрошувачи. Наградните игри кои ги организираме во соработка со нашите долгогодишни партнери се подарок за потрошувачите за нивната лојалност и доверба во нас. Веро преку целата година нуди производи со најдобар однос на цената и квалитетот, задоволувајќи ги потребите на сите, но вистинско задоволство доаѓа кога успешната година ќе ја заокружиме со многу среќни добитници на вредни награди. Им посакуваме многу среќа и успех на сите учесници во наградната игра – изјавуваат од маркетинг секторот на Веро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП