1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ се сретна со Ибрахимовиќ, и заедно ја запеаа омилената песна на...

Ѓоковиќ се сретна со Ибрахимовиќ, и заедно ја запеаа омилената песна на Златан (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве се наоѓа во Торино каде што учествува на Завршниот Мастерс во сезоната, а денеска тој имаше интересна посета.

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ престојот на Новак во Италија го искористи за да го посети својот голем пријател, а нивната средба набрзо се најде во фокусот на јавноста.

Дружењето, секако, не можеше да помине без омилената песнат на Златан – „Јутро је“ од Нада Топчагиќ, а снимката од изведбата на оваа песна во режија на познатото спортско дуо набрзо го преплави интернетот.

„Кога волкот ќе го сретне лавот“, е описот што твитер профилот на АТП Тур го стави покрај споменатото видео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП