26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКралицата инсистира на необична божикна традиција, а нема исклучоци – секој мора...

Кралицата инсистира на необична божикна традиција, а нема исклучоци – секој мора да се измери

Членовите на британското кралско семејство сè уште мора да се држат до застарениот протокол, кој вклучува мерење пред божикниот ручек. Нема сомнеж дека многумина би сакале да го избегнат ова, но правилата си се правила.

Секој Божик кралицата го организира својот традиционален ручек во замокот Сандрингам во Нортфолк, но еден обичај ја изненади јавноста кога дозна за тоа.

Гостите мора да застанат на вага за мерење пред да седнат на масата. Сите членови на кралското семејство мора да се придржуваат до овој протокол, вклучително и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, и да забележат колку килограми имаат пред да јадат.

Исто така, при влез во трпезаријата задолжително се придржуваат до протоколот, а тој налага влегување на гостите според возраста, пренесуваат британските медиуми.

Иако ова е многу застарена и необична традиција, воведена од кралот Едвард Седми во раните 1900., поентата е добро да се забавуваат, да се смејат и на крајот да видат колку изеле.

По ручекот, сите треба да останат на торта и чај, потоа следува прошетка низ имотот, а вечерата се послужува покрај свеќи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП