27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Моите пари крваво ги заработив, Ал-Келаифи неговите ги доби на подарок“

„Моите пари крваво ги заработив, Ал-Келаифи неговите ги доби на подарок“

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, гостувајќи во еден „подкастот“, жестоко удрил по ПСЖ, неговиот претседател Насер Ал-Келаифи и Манчестер сити.

Хенес, до 2019 година, беше прв човек на најтрофејниот германски клуб. Под водство на Хенес, Баерн, освои 24 титули во Бундес лигата, 14 трофеи во Купот на Германија, два во Лигата на шампионите… Во 2014 година заврши зад решетки поради даночно затајување.

„ПСЖ и Манчестер сити досега ништо не освоиле. Заедно немаат ниту еден трофеј во Лигата на шампионите, тие пос..ни пари, со кои располагаат, не им значат ништо“, рекол Хенес. Тој потоа го коментирал и претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

„Јас крваво ги заработив моите пари, а тој своите ги добил како подарок, тоа е разликата помеѓу нас двајца. Кога ќе посака некој фудбалер, тој оди кај својот емир и добива пари. Тие и понатаму ќе губат од нас. Можеби не секогаш. Многу сум среќен кога ќе ги победиме. Тој да биде новиот Ули Хенес? Ве молам. Јас воопшто не знам дали тој го сака фудбалот“.

Хенес ги коментирал и трансферите што ги прават Сити и ПСЖ.

„Ние не функционираме така. Не сакаме да потрошиме многу пари за да бидеме добри една или две години. Кога носите одлуки на ова ниво, морате да сметате дека ќе имате успех три или четири години и да бидете сигурни дека потоа нема се да се урне како кула од карти“, заклучил Хенес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП