Член на персоналот, кој бил сведок на фаталното пукање на сетот на вестернот Rust, поднесе тужба за небрежност во средата (10 ноември) против актерот Алек Болдвин и продуцентите на филмот.
Серж Светној, електричар на снимањето во Санта Фе, Ново Мексико, ги обвини продуцентите и другите дека не примениле безбедносни стандарди и дека дозволиле „револвер наполнет со боева муниција да биде вперен во живи луѓе“, се наведува во граѓанската тужба до која дојде „Дедлајн“.


