27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите повторно поразени од Египет

Ракометарите повторно поразени од Египет

Македонската ракометна репрезентација го доживеа и вториот пораз на во Каиро, од репрезентацијата на Египет. Селекцијата која ја предводи поранешниот тренер на Вардар, Гарсија Парондо, славеше со 31:26.

Македонските ракометари одиграа добри 25 минути, во кои одржуваа предност од два гола. Падот во последните пет минути од првиот дел, Египет го искористи за серија 5:0 и предност 16:13.

Оваа разлика Египет ја одржуваше во вториот дел, а победникот практично беше решен кога домашната селекција на 15 минути до крајот дојде до предност од пет гола.

Филип Талески со девет и Цветан Кузмановски со седум гола беа најефикасни во редовите на македонската репрезентација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП