26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден допинг за телото: Една намирница е доволна за да бидете здрави...

Природен допинг за телото: Една намирница е доволна за да бидете здрави како дрен!

Експертите истакнуваат дека со редовна консумација на половина литар од сокот од оваа намирница, вредноста на плазматските нитрати ќе стане двојно поголема, што влијае на мускулната издржливост, додека крвниот притисок значително се намалува.

Со цел успешно да ја излекувате слабокрвноста, да го детоксирате организмот, да го зајакнете имунитетот и да ја зголемите издржливоста и нивото на енергија, потребно е само во секојдневната исхрана да воведете една намирница – цвекло!

Oваа супер намирница е исклучително популарна кај спортистите, бидејќи ја зголемува издржливоста при вежбањето и има ефект на „природен допинг“ на телото.

Со цел со леснотија да ги совладале физичките напори на тренинзите или да истрчате круг околу игралиштето, а сепак да не останете без воздух во белите дробови, доволно е на своето тело да му го овозможите моќниот сок од цвекло, намирница која во висок стил се враќа на листата на најздравите намирници.

Сокот од цвекло ја зголемува издржливоста при вежбањето и зголемените телесни напори, и тоа благодарение на нитратите.

Истражувањето од Велика Британија потврдува дека сокот од свежо цедено цвекло им помага на спортистите за да го издржат тренингот кој би бил временски подолг и потежок и до 16 проценти од вообичаено.

Експертите истакнуваат дека со редовна дневна консумација на половина литар сок од цвекло, вредноста на плазматските нитрати двојно се зголемува, што има значајно влијание на мускулната издржливост, додека крвниот притисок значајно се намалува.

Состојки: 1 кг цвекло, 1 голема лажица мед и сок од еден лимон.

Подготовка: Цвеклото излупете го и потоа изрендајте го во сад, додадете го медот и сокот од лимон, кој ќе го омекне цвеклото и ќе го неутрализира неговиот земјен вкус. Смесата оставете ја да отстои три часа, а потоа процедете низ густо сито, силно гмечејќи за од цвеклото да излезе колку што е можно повеќе сок и влакна.

Свежиот сок пијте го наутро на празен желудник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП